Првпат во историјата на Швајцарија во петокот се венчани еднополови двојки, по референдумот кои ги прошири правата на лицата од ЛГБТИ популацијата во земјата.
Меѓу првите биле 46-годишната Алина и една година помладата Лаура, кои во врска биле во 21 година, а сега својот статус на животно партнерство го замениле со брак во женевскиот дворец Ејнард.
„Многу ми е мило да прогласам дека сте официјално венчани“, изјавила Мари Барбеи-Шапуи, градоначалничката на Женева која ја предводела церемонијата.
Немало разменување прстени, бидејќи двојката решила да ги задржи златните нараквици од почетокот на нивното животно партнерство, кое започнало точно пред 19 години, на 1-ви јули 2003 година.
“Момент во историјата“
„Многу е важно да се има ваква видливост, да се покаже дека бракот е отворен за сите, сега и за идните генерации исто така“, изјавила за новинарите Лаура по церемонијата.
Плановите на швајцарската влада конечно да го воведе „бракот за сите“ беа нарушени од противниците на еднополовите бракови, коишто успеаја да покренат одржување референдум одржан ланскиот септември. Меѓутоа, 64,1 отсто од гласачите го поддржаа воведувањето истополовни бракови во оваа богата алпска конфедерација.
Швајцарија беше една од последните преостанати западни европски земји, во коишто истополивите бракови допрва требаше да бидат озаконети. Холандија, пак, беше првата којашто се реши на таквиот чекор во 2001 година.
„Беше многу впечатливо. Ова е голем момент и испраќа многу силна порака до општеството: да се биде слободен да се сака и да се биде сакан. Беше крајно време бракот да стане целосно еднаков во Швајцарија“, изјави градоначалничката Брбеи-Шапуи по церемонијата.
„Конечно“
Дворецот Ејнар подоцна во петокот беше сцената и на којашто беше склучен и првиот брак меѓу двајца мажи кои заедно биле 15 години, на 54-годишниот Даниел, дизајнер на ентериери, и Ксавиер, 51-годишен стилист.
Седумдесеттина луѓе биле сведоци на склучувањето на оваа еднополова двојка, коишто ги размениле своите брачни завети со класична музика.
Откако биле венчани со огромен аплауз, како што пренесуваат медиумите, излегле рака под рака до свадбената торта и чашата шампањ, каде што таткото на Ксавиер на гостите им рекол „Ти благодарам Швајцарија! Конечно!“.
Двете двојки од градските власти на Женева добиле запакуван подарок, букет и скапо пенкало со коешто се потпишале.
Швајцарија ја декриминализирала хомосексуалноста во 1942 година. Еднопловите двојки до петокот можеа да се пријават сам за статус животно партнерство, што не ги пружа истите права како и бракот. На пример, истполовите сопружници сега може да се пријават за државјанство со поедноставена процедура и заедно може да се пријавуваат за посвојување деца.