Здравствените власти во Сингапур во саботата потврдија уште два нови случаи на зараза со новиот сој коронавирус, со што бројот на случаите во оваа земја достигна 18, а истовремено Јапонија соопшти за нови три случаи.
Како што пренесе претходно весникот South China Morning Post, Сингапур ќе ја затвори својата граница за сите пристигнувања од Кина, вклучително и за странските државјани кои изминатите две седмици престојувале на кинеска територија. Ова ограничување треба да стапи на сила во саботата навечер по локално време.
„Министертвото за здравство потврди дека на 1-ви февраури 2020 година до 14 часот попладне се регистрирани уште два случаи на инфекција со донесениот коронавирус од новиот сој (2019-nCoV) во Сингапур. Министерството претходно соопшти за 16 потврдени случаи… Во моментов состојбата на двајцата заболени е стабилна, продолжуваме да ја следиме нивната здравствена состојба. Кога станува збор за 16-те случаи, ниеден од нив не е во критична состојба, здравјето на повеќето од нив се подобрува“, се вели во соопштението.
Седуманаесеттиот случај на зараза е 47-годишна жена од Сингапут, која неодамна патувала во кинескиот град Вухан кој е епицентарот на епидемијата со новиот сој коронавирус. Таа била дел од групата лица кои сингапуриските власти решија да ги евакуираат од градот во четвртокот. Аердоромските медицински служби при пристигнувањето кај неа откриле симптоми по што е хоспитализирана во изолација. Осумнаесеттиот заболен, пак, е 31-годишна државјанка на Кина, која пристигнала од Вухан на 22-ри јануари, која е згрижена, исто така, во изолација.
Јапонската јавна телевизија NHK објави во саботата дека тамошните власти го откриле присуството на новиот тип коронавирус кај тројца Јапонци, а сите тие пристигнале во татковината со чартер летови од кинески Вухан. Еден од нив пристигнал со првиот лет во средата, а првичната реакција на вирусот кај него била негативна, но вирусот е откриен во повторените анализи. Другите две лица допатувале со третиот чартер лет во петокот.
Со последните податоци, од 565 лица кои се вратиле во Јапонија поради ширењето на новиот вид коронавирус, тој е откриен кај 8 лица. Вкупниот број случаи во Јапонија изнесува 20 заразени.
Евакуацијата на Јапонците, кои изразуваат желба да го напуштат Вухан, започна во средата. Со третиот чартер лет во петокот, јапонските власти ги евакуирале сите свои државјани кои изразиле желба. Овие чартер летови кои ги организираше министерството за надворешни работи на Јапонија, фактички беа единствената можност да се напушти Кина, откако авионскиот собраќај со Вухан беше прекинат.
Во авионите имаше медицински персонал и лекари, опремени со уреди за скенирање на телесната температура. Без оглед на тоа дали постојат првите симптоми на заболувањето или не, сите патници беа испратени со специјални автобуси во болниците на дополнителни прегледи и анализи.