
Во Словенија во последните 24 часа се направени 771 тестирања со кои се потврдени 15 нови случаи на зараза со коронавирусот, а еден пациент со Covid-19 починал, соопшти во четвртокот владата во Љубљана.
Бројот на заразените во Словенија е помал отколку ден претходно, кога со 974 тестирања беа потврдени 18 нови коронаинфекции.
Новите зарази во последното деноноќие се потврдени во десет општини, најмногу во Љубљана – пет случаи, и во Домжале со двајца новозаразени.
Вкупниот број потврдени зарази од почетокот на епидемијата во Словенија така се зголеми на 2.223, активни се уште 190 сличаи, а досега од заразените починале 125 пациенти.
Во моментов поради Covid-19 се хоспитализирани 24 лица, од кои тројца пациенти се на одделите за интензивна нега.