Во Словенија 24 нови случаи на коронавирусот за 24 часа

Во Словенија во последното деноноќие се направини 1.607 тестови со кои се потврдени нови 24 случаи со зараза со коронавирусот, еден повеќе од претходните 24 часа, потврди во средата сливенечката влада.

Во моментов хоспитализирани се 14 пациенти, два повеќе од вторникот. Тројца пациентио во последните 24 часа се отпуштени од болниците, но примени се пет нови поради инфекција со коронавирусот.

Меѓу заразените не е забележан ниеден смртен случај, па бројот на починатите и натаму останува 111 лице.

Со новозаразените во последните 24 часа бројот на лицата од почетокот на епидемијата кои биле позитивни е 1.607 по вкупно изведени 111.203 тестирања, а активни случаи на заразата во моментов е 223.

Словенечката влада објави денеска дека одредбите за задолжителен 14-дневен карантин за словенечки државјани и резиденти кои се враќаат од државите од „црвената листа“ на ризични земји со остар и голем број новозаболени, ќе се издаваат на граничните премини кон Хрватска.