Во Словенија бројот заразени со коронавирусот се зголеми на 25

Бројот на заразени со новиот тип коронавирус во Словенија во понеелникот вечерта се зголемил на вкупно 25 лица, потврди министерот за здравство Алеш Шабедер.

Како што пренесува словенечката новинска агенција STA, неофицијалниот податок е дека меѓу двете новозаразени лица е и еден од водечките луѓе на Универзитетскиот клинички центар (UKC) во Љубљана.

Најбројни се случаите на ткн секундарна зараза, односно пренесување на инфекцијата од лица кои престојувале во странство на други со кои биле во контакт по враќањето во Словенија. Покрај тоа, најбројни се случаите регистрирани на југозападот од земјата, па посебни построги мерки на заштита се прогласени за областите на Ново Место, Чрномељ и Метлика.

Директорот на болницата во Ново Место изјави дека во понеделникот спровеле 50-ина тестирања на коронавирусот, а проблематичено било доаѓањето на еден инфициран пациент на ургентното одделение без претходна најава, иако според протоколот прво морал да се јави кај својот матичен лекар, а потоа да биде тестиран на изолирано место, ткн влезна точка за тестирање кои во Словенија ги има вкупно 16 во сите региони.

Болницата во Ново Место во меѓувреме објави дека во вторник ќе соопшти за резултатите за уште повеќе од дваесет тестирања кои се во тек.