Бројот на заразените со коронавирусот во Словенија во понеделникот изнесува 756 лица, што е за 62 заболени повеќе од состојбата објавена во неделата, објави словенечкото министерство за здравство, истакнувајќи дека растот бројот на заразените се стабилизира.
Станува збор за состојба во текот на неделата од 00 до 24 часа.
Според новите службени податоци, хоспитализирани се вкупно 115 заразени, од кои 28 се на одделите за интензивна нега, а бројот на смртните случаи останал непроменет, вкупно 11, повеќето постори лица, во најголем број поранешни штитеници на домовите за пензионери.
Минитерот за здравство, Томаж Гантар, изјави на прес-конференцијата во понеделникот во Љубљана дека словенечкиот здравствен систем засега ја контролира ситуацијата, но имајќи предвид дека епидемијата е далеку од крајот и оти се очекува и натаму пораст бројот на заразените, иако поблаг отколку пред неколку седмици.
Повеќе нема експоненцијален дневен раст на бројот на заразените, кривата на графата на инфицираните постепено се стабилизира, истакна Гантар.