Во Словенија потврден само еден случај на зараза со коронавирусот

Во Словенија во последните 24 часа потврден е еден случај на зараза со новиот коронавирус и ниту еден смртен исход, објави во понеделникот словенечката влада, со што вкупниот број потврдени случаи од почетокот на епидемијата на респираторната болест Covid-19 се искачи на 1.469, а бројот на починатите остана на 107 луѓе.

Во неделата се спроведени 256 тестирња, што е значително помалку отколку вообичаено во деновите на викендот. Просечно од понеделник до петок на дневна база во Словенија се изведуваат по околу 1.000 или повеќе а во текот на викендот околу 500 тестирања на коронавирусот.

Во моментов 16 луѓе се хоспитализирани поради Covid-19, од кои тројца пациенти се згрижени на одделите за интензивна нега и овој показател е во постојан пад веќе подолг период. Пред само две седмици во болниците имаше 40 пациенти.

Владата во Љубљана и здравтвените работници сметаат дека епидемијата е ставена под контрола, па продолжуваат чекорите за релаксирање на рестриктивните мерки. Откако на почетокот од минатата седмица повторно почна наставата во училиштата за првите три класа во основното образование, од денекса во училишните клупи повторно се враќаат и учениците од завршнтие класови на основните училишта.

Владата во текот на оваа седмица ќе одлучува за можноста во редовен образовен процес, кој досега течеше на далечина, повторно да се вратат и учениците во другите класови во основните училишта, а можеби наставата да започне и во средните училишта.