Во Словенија рекорден број новозаразени, првпат над 200

Во Словенија во последните 24 часа со 3.391 тест потврдени се нови 203 зарази со коронавирусот, што е рекорден раст од почетокот на епидемијата, објави во средата словенечката влада.

Бројката на новите зарази во еден ден првпат е над 200, а забележани се 11 случаи повеќе отколку минатиот четврток, кога дотогаш беше забалежан рекорден број коронаинфекции – 192.

Во моментов во словенечките болници поради Covdi-19 се хоспитализирани 86 пациенти, од кои 16 се на одделите за интензивна нега.

Од почетокот на епидемијата во Словенија потврдеи се 5.690 зарази со новиот коронавирус, а во моментов активни се 1.736 случаи. Бројот на починатите како резултат од компликациите предизвикани од Covid-19 сега изнесува 150.

Најмногу зарази во вторникот имало во главниот град Љубљана – 37 случаи, во Крањ имало 9, во Камник – 7, а по 6 во Марибор, Цеље, Заорје об Сави и Луковица.

Според анализата на научниот институт „Јожеф Штефан“ кој за владата ги прави анализите и модели за можен развој на епидемијата, моменталниот репородукциски број на ширење на коронавирусот во Словенија изнасува 1,3 што занчи дека десет носителе на вирусот моќе да ја прошират заразата на уште 13 луѓе, што е загрижувачки податок за епидемиолозите. Доколку репродукцискиот број не се намали, бројот на дневно заразените би можел до средината на следниот месец да се зголеми и на 250, предупредуваат научниците.

Премиерот Јанез Јанша изјави во вторникот дека моментално и покрај големиот број нови зарази нема потреба од воведување нови строги рестрикции, како и дека не се планира повторно прогласување епидемија, но дека владата многу брзо ќе ги претстави планот за дејствување во актуелната епидемиолошка ситуација.

Јанша рече дека ситуацијата сѐ уште може да биде исконтролирана, бидејќи државата, вклучително и владата, стручњаците и населението, многу научиле од времете на првиот епидемиски бран оваа пролет, и за разлика од тогашната ситуација помал е бројот на хоспитализираните поради Covid-19 и имаат полесни симптоми или полесен развој на болеста. Епидемиолозите од владиниот стручен тим, како неопходна мерка која треба доследно да се спроведе го истакнуваат одржувањето на физичкото растојание, носењето маски и избегнувањето на ризичните собири.