![slovenija koronavirus](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/slovenija-koronavirus.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Словенечките здравствени власти објавија во понеделникот дека во земјата се регистрирани само шест нови случаи на новозаразни со новиот тип коронавирус.
Во словенчките болници се хоспитализирани вкупно 80 пациенти, а поради потешка форма на болеста Covid-19 на одделенијата за интензивна нега се згрижени 22 лица.
Во последното деноноќие, забележан е еден смртен исход од инфекцијата, со што вкупниот број починати се искачи на 83.
Жариште на заразата сѐ уште се домовите за стари лица, каде најголем дел од инфицираните се пензионери, но има и медицински и технички персонал.
Премиерот Јанез Јанша изјави дека Словенија е позитивен пример за тоа како успешно се води битката со коронавирусот, а за тоа земјата добила пофалби од многу страни.