Во Словенија три нови случаи на коронaвирусот, серопревалентни само 3,1 отсто

Во Словенија во последните 24 часа потврдени се три нови случаи на зараза со новиот тип коронавирус, а починало едно лице од респираторната болест Covid-19, објави во средата словенечката влада, додека првите наоди од серолошкото испитување покажуваат дека само 3,1 отсто од населението биле заразено

Во моментов во Словенија има 53 заболени, од кои 14 пациенти се згрижени на одделите за интензивна нега, а во последното деноноќие отпуштени се уште двајца опоравени од инфекцијата, со што вкупниот број оздравени и отпуштени од болниците се зголеми на 247 пациенти.

Во последните 24 часа спроведени се 1.449 тестови на коронавирусот, а досега вкупно во Словенија се извршени 58.923 тестови на вирусот кој ја предизвикува болеста Covid-19. Притоа потврдени се 1.448 случаи на заразата, а од почетокот на епидемијата во земјата починале 99 луѓе.

Според серолошкото испитување коешто последните две седмици го спровела Микробиолошката лабораторија при Медицинскиот факултет во Љубљана на репрезентативен примерок од населението, се смета дека во Словенија 3,1 отсто од популацијата биле во контакт со новиот коронавирус, што е релативно низок степен на зафатеност на населението.

Како што притоа предупредуваат стручњаците од споменатата научна установи, со тестирањето на крвта било дојдено до заклучотокот дека кај 3,1 отсто од испитаниците во ова истражувањет се развиле антитела на Covid-19, но тоа не е гаранција дека тие стекнале траен имунитет на болста, имајќи предвид дека таков имунитет претходно не стекнувале заболените од други коронавируси кои веќе се познати и присутни.

Во Марибор деновиве една амбулантан започнала да врши ткн брзи тестови на антитела на коронавирусот кои се плаќаат, но микробиолозите од Медицинскиот факултет во Љубљана предупредуваат дека таквите тестови обично се само во развој, не се стручно проверени и главно се со низок квалитет, па не може да им ги препорачаат ниту на оние коишто потврдата за изведено тестирање сакаат да ја искористат за заминување во странство, односно за туристички патувања.