![loncar](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/loncar.jpg?resize=672%2C378&ssl=1)
Во Србија досега починале десет лица како последица на зараза со коронавирусот, покажуваат последните бројки објавени во саботата попладнето, а тамошната влада донесе нови мерки и ограничувања во намерата да го сузбие ширењето на епидемијата.
Во Србија до 15 часот во саботата вкупно 10 лица починале од коронавирусот, односно две жртви повеќе отколку во петокот во исто време, соопштија српскиот министер за здравство Златибор Лончар и лекарите од здравствениот штаб при српската влада.
Додадоа дека во последните 24 часа има 131 новопотврдени случаи, и вкупно 659 регистрирани пациенти заболени од Civid-19. Беше истакнато дека во Србија во последните 24 часа го бележи наголемиот број новозаразени од првиот регистриран случај пред три седмици. Во моментов девет пациенти се во извонредно критична ситуација, истакна Лончар.
Од првиот потврден случај на коронавирусот во Србија на 6-ти март до саботата 28-ми март, националната лабораторијата „Торлак“ тестирала вкупно 2.086 лица. Ново жариште на епидемијата по Белргад, Ваљево и Ниш, стана Чуприја, град со околу 30.000 жители во централниот дел од земјата. Според службените процени, за порастот на бројот на новозаразените придонело неколку десетици илјади државјани на Србија, кои од 14-ти март влегле во земјата од европските земји.
Српските власти, како што најави министерот Лончар, како дополнителна мерка во борбата за сузбивање на коронавирусот, ќе биде продолжување на траењето на полицискиот час во текот на викендов, наместо од 17 од 15 часот до 5 часот наутро.
Илустрирајќи ја сериозноста ситуација, Лончар им порача на граѓаните дека мора да ја имаат предвид состојбата во Италија и Шпанија, сугерирајќи им со одговорно однесување кон себеси и другите да придонесат Србија да го избегне сценариото за ширење на епидемијата во споменатите две земји. Владата на Србија ја усвои и одлуката сите мерки за самоизолација да се продолжат од 14 на 28 дена.
Епидемиологот Предраг Кон укажа на зголемување на бројот заболени и порача дека контактите мора да запрат „ригорозно, ако не може на поинаков начин“, бидејќи вирусот сега има поголем потенцијал за пренесување отколку порано, со оглед на тоа дека е поголем бројот на лицата кои се носители.
„Единствен начин да се спречи помасовното ширење е да се спречат конактите“, истакна Кон.