Спрските здравствени власти во понеделникот пријавија 11 смртни случаи како последица од компликациите кои ги предизвикува инфекцијата со новиот коронавирус, како и уште 1.318 нови случаи на коронаинфекции, од кои безмалку половината или 583 случаи односно 44 отсто, се регистрирани во престолнината Белград.
Според бројот на новозаразените во последното деноноќие следат Нови Сад со 129 случаи, Крагуевац со 127, Ниш со 76, Краљево со 66 и Шабац со 43 новозаразени, додека другите градови во Србија бележат по помалку од 20 новозаразени.
На „ковид-одделите“ во понеделникот има 2.637 хоспитализирани пациенти, од кои 119 се на респоратори.
Според епидемиолошкиот пресек од претходниот ден, за периодот меѓу саботата и неделата, во Србија од коронавиурост починале 10 пациенти, а меѓу 8.299 тестирани биле потврдени 2.112 нови случаи на заразата.
Од почетокот на епидемијата на 6-ти март, во Србија е тестиран 1.429.551 примерок со што се потврдени 64.065 заразени лица, а досега потврден е 901 смртен исход како последица на инфекцијата со коронавирисот.
Стапката на смртност во последните две седмици продолжува да опаѓа, и во понеделникот изнесува 1,41 отсто.
Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, предупреди денеска дека епидемиолошката состојба во земјата е најлоша во Белград, каде што е најголем бројот на заразените и најголем е притисокот врз здравствените установи, како и дека повеќе нема можност за отворање дополнителни „ковид-оддели“ во болниците.
Др Лончар ги повтори денеска претходните предупредувања дека долку продолжи растот на бројот на заразените и притисокот врз здравствените установи во главниот град, пациентите од Блеград ќе мора да бидат упатувани во болниците во другите градови.