Во Србија, Косово, Црна Гора и БиХ без ПЦР тест

Од полноќ, македонските државјани ќе може да влезат во Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина без негативен ПЦР-тест. Исто така, и државјаните на овие четири земји ќе може да влезат во земјава без тест.

-Нашите граѓани ќе можат да патуваат во соседните земји, без потреба од ПЦР тест. Како што знаете, со Албанија можеме да ја преминеме границата и граѓаните на Албанија можат да дојдат кај нас без да покажат тест и се надевам дека ова ќе започне со Косово и Србија утре, бидејќи владите на тие земји беа позитивни за отворање на границите”, изјави Груби.