Во Србија нов дневен рекорд на бројот новозаразени и хоспитализирани

Во Србија во последните 24 часа од компликации предизвикани од коронавирусот починале пет лица, а рестистрирани се нови 1.545 заразени лица

Србија го зголеми бројот на тестирањата, а од четвртокото во 15 часот до петокот попладнето меѓу 11.004 анализирани примероци потврдени се 1.545 позитивни, што е рекордна бројка на дневно ниво од почетокот на епидемијата на почетокот од март. Во четвртокот биле тестирани 9.457 примероци, а потврдени биле 1.384 зарази.

Вкупно во епидемијата српските здравствени институции тестирале 1.329.100 примероци, со кои се регистрирани 45.137 случаи на зараза со короанвирусот.

Со петте починати лица во последното денноноќие, вкупно официјално се потврдени 814 смртни исходи. Со тоа смртноста паднача под 2 отсто, и според последните официјални податоци во петокот изнесува 1,80 отсто.

Во пораст е и бројот на болничко лекување, кој од вчерашните 1.012 се зголемил на 1.048 во петокот, од кои на респиратор се 47 пациенти.

Српските здравствени власти не препорачаа воведување нови мерки, инсистирајќи граѓаните доследно да ги применуваат мерките и препораките за оддржување на физичкото растојание и на отворени простори, како и за социјално дистанцирање, носење маски и што почесто миење и дезинфицирање на рацете.