Во Србија во изминатото деноноќие потврдени се 345 нови случаи на зараза со коронавирус, а починале уште 12 лица, соопшти во саботата министерството за здравство.
На сајтот на министерството е објавено дека од 7.032 лица чиишто примероци биле тестирани во последните 24 часа, позитивен наод е потврден кај 345 лица.
Бројот на активните случаи во Србија изнесува 3.911, а на респиратори се 139 пациенти.
Со новите 12 жртви од Covid-19, вкупниот број на починатите во текот на епидемијата во Србија починале вкупно 382 лица, а процентот на смртноста во изминатите 24 часа изнесува 2,11 отсто.
Од почетокот на епидемијата во Србнија тестирани се вкупно 487.378 лица, а присуството на вирусот е потврден кај 18.073 луѓе.