Во Шри Ланка откриени 200 детонатори, власта ја ревидира бројката загинати

Полицијата на Шри Ланка откриле складиште со околу 200 детанатори за експлозивни направи во градот Нувара Елија во централниот дел на земјата, објави во четвртокот портпаролот на безбедносните сили Руван Гунесекара, а бројот на жртвите во експлозиите најверојатно меѓу 250 и 260 а не 359 како што беше соопштено претходно, соопшти началникот на здравствените служби Анил Џисанге за агенцијата Reuters.

Според полицискиот портпрол, кого го цитира Daily Mirror, покрај 200-те детонатори, во градското подрачје на Нувара Елија, полициските службеници уапсиле и три лица кај кои биле складирани 21 граната. Биле пронајдени шест ножеви и импровизирана експлозивна направа со ниска моќност. Од друга страна, како што информира порталот Ada Derana, антитерористичка операција во различните делови од земјата сѐ уште е во тек.

Истовремено два високи функционери на владата соопштија дека бројот на загинатите во велигденските напади во Шри Ланка е за 100 помал отколку што во почетокот се мислело.

„Може да има околу 250 или 260. Не можам точно да кажам. Има многу делови од тела и тешко е да се одреди точната бројка“, вели Џасинге, директорот на службата за здравствени услуги во разговорот за Reuters.

Руван Виџевардене, заменик на министерот за одбрана чиешто министерство е одговорно за безбедносните сили, рекол дека бројот на загинатите е симнат на 253 поради неприцизните бројки кои претходно ги соопштиле мртовечниците. „За жал, претходните бројки ни ги даде министерството за здравство“, рекол.

Нападите на бомбаши самоубијци беа изведени на католички Велигден на три цркви и три луксузни хотела. Одговорноста за нападите ја презема џихадистичката терористичка организација Исламска држава, а се смета дека самите сторители се припадници на две локални исламистички групи. Досега поради поврзаност со самоубиствените напади се уапсени со 76 лица.