Во судар на патот Прилеп – Битола загина 18 годишна девојка

архивска илустрација

Осумнаесетфодишна девојка од Битола загинала во сообраќјна несреќа на патот Прилеп-Битола, денеска околу 11.30 часот, извести МВР.

Девојката била совозач во „фиат браво“ кое го управувала нејзина 38-годишна блиска роднина. Бравото излетало од патот во близина на селото Тополчани.

На лице место починала 18-годишната девојка, додека жената возач била пренесена во битолскиот медицински центар каде и се констатирани телесни повреди.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.