Со прикриен лик и со изменет глас во рамки на судскиот процес Монструм денеска ќе сведочи заштитениот сведок под име Е 1.
Судницата ќе биде затворена за јавноста , а на судењето ќе присуствуваат само обвинетите , нивните адвокати и судскиот совет.
Откако Хаки Азири се откажа да биде заштитен сведок, а потоа и го смени првичниот исказ, ова е втор заштитен сведок. Неговиот исказ , според кривичниот закон, не смее да се презентира во јавноста .
На почетокот на месец, судскиот процес почна по трет пат, откако беше приведен и седмиот обвинтет Сами Љута, кој според истрагата чувал стража на кобниот ден. Тој пред судот изјави дека никогаш не бил на Смиљковското езеро и дека ноќта на Велигденскито масакр бил во интерент кафуле.
Четирите момчиња и рибарот беа убиени на 12-ти април минатата година. Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и неговиот брат Агим, се товарат дека се директни извршители на петкратното убиство, а Фејзи Азири и Рами Сејди се осомничени за помагање.
Двајцата првообвинети се сè уште во затвор во Косово и не се екстрадирани во Македонија.