Во Тел Авив одржан првиот концерт на отворено само за вакцинираните

Повеќе од сто лица вакцинирани против коронавирусот присуствуваа во петокот на концертот на отворено кој го организраа градските власти на Тел Авив, кој беше првиот концерт одржан од избувнувањето на пандемијата пред една година.

Танцувајќи на трибините, петстотина одушевени посетители со заштитни маски го следеа концертот на израелскиот поп пеач Иври Лидер на фудбалскиот стадиобн Блумфилд.

„Ова е навистина прекрасно, среќна сим и нестрпливо го исчекував концертот. Се надевам дека ова е почетокот на времето кога ќе можеме да се вратиме на нормалниот живот“, изјавила за AFP, Рут Гофер.

Ејтан Шварц, портаролот на градските власти на Тел Авив, изјави дека ова е првиот во низата концерти кои ќе следат во следниот период.

„Се надевам дека наскоро ќе можеме да го наполниме стадионот со 30.000 луѓе, како и што е редот“, додаде Шварц.

За да можат да влезат на стадионот, посетителите морале да покажат потврда од израелското министерство за здравство за тоа дека ги примиле двете дози од вакцината на „Pfizer/BioNTech“, кои на Израел му овозможуваат непречена испорака во замена за биомедицински податоци за дејството на вакцината против Covid-19.

Во Израел, каде повеќе од половината на населението ја примоло барем првата доза на вакцината за короанвирусот, на почетокот од февруари излезе од третиот карантин.

Пристапот до културните настани, спортските сали и хотелите засега е овозможен само за оние кои имаат потврда за вакцинирањето.

Еврејската држава од почетокот на пандемијата пријави 796.465 случаи на зарази со коронавирусот и 5.834 смртни исходи од заразата.