![policija grb](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/policija-grb.jpg?resize=696%2C472&ssl=1)
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.И.(44) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 03.09.2020 на ул.„Љуботенска“ во Тетово, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој преземал мерки по претходна пријава за сторено кривично дело „кражба“.