![turisti-ohrid-1-640x294](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/05/turisti-ohrid-1-640x294.jpg?resize=640%2C294&ssl=1)
Од 4 до 20 илјади луѓе би останале без работа само во туристичката дејност во Македонија доколку пандемијата трае до крајот на оваа година. Доколку кризата заврши следниот месец би можело да се загубат од 2 до 12 илјади работни мест. Ова се двете сценарија во анализата во која учествувале сите стопански комори во земјава.
Но, не е ислучено и второто сценарио кое предвидува пад на туризмот од дури 80%. Речиси сите компании се изјасниле дека ќе им треба повеќе од половина година да се вратат во нормала.
„88 проценти од испитаниците одговориле дека последиците од кризата ќе имаат големо влијание врз ликвидноста на компаниите. До август-септември има масовно откажување на сите закажани аранжмани…“, рече Даниела Михајловска Василевска- Стопанска комора.
Од туристичкиот сектор до Владата предлагаат да се продолжи субвеницонирањето на плата од 14.500 и за јуни, работодавачите да бидат ослободни од обврската да исплатат К-15, а добиените бескаматни кредити да почнат да ги враќаат од следната година.