Познатата македонска водителка Лила Филиповска е ограбена. Kрадец влегол насилно во нејзиниот дом во населбата Чаир и одземал дел од нејзиниот вреден накит, пренесува 1тв.
Службите на МВР сѐ уште вршат увид на местото на настанот.
За повеќе детали од Курир.мк ја контактирал Лила Филиповска, која потврдила информацијата дека нејзиниот дом е ограбен.
„Да, навистина сум ограбена. Засега не можам да ви откријам повеќе детали бидејќи полицијата во моментов врши увид“, беше кратката изјава на познатата водителка.
Инаку во моментот кога бил грабежот Лила вели дека домот бил празен.