Волфсбург славеше на гости кај Нирнберг

Во првиот натпревар од 15-то коло на германското фудбалско првенство, Волфсбург на гостувањето кај Нирнеберг славеше со 2:0 (0:0).

Водечкиот гол за гостите го постигна Даниел Гинжек во 58 минута, а Јосип Брекало во последната минута од судиското продолжение реализираше брз противнапад за конечно славје на Болфсбург.

Со третта победа во последните четири дуели Волфсбург дојде до 22 бодови и до осмото место на табелата. Нирнберг, пак, го впиша осмиот пораз од почетокот на првенството и е на 16-то место со само 11 бодови, а зад него се само Хановер со 10 и Фортуна Диселдорф со 9 бодови.

Водечка е Борусија Дортмунд со 36 бодови, Борусија Менхенгладбах е втора со 29, Баер е трет со 27 а РБ Лајпциг е четврти со 25 бодови.

Во сабота играат Хановер – Баерн, Штутгарт – Херта, Аугсбург – Шалке, Фортуна – Фрајбург, Хофенхајм – Борусија М и Борусија Д- Вердер, а во недела се среќаваат Лајпциг – Мајнц и Ајнтрахт – Баер.