Во саботата вечерта две маскирани и вооружени лица со закани го одземале од вработените дневниот промет, информираше во неделата министерството за внатрешни работи.
Инциденот се случич вчера околу 21,00 часот во Скопје, а вработена пријавила дека во маркет лоциран на улицата „Скупи“, додека била на една од касите со нејзина колешка, дошле две машки лица вооружени со пиштоли.
Тие ги земале парите од дневниот промет и заминале од лице место.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.