Вооружен маж држи заложници во банка во Франција

Вооружен маж на северот на Франција во експозитура на банка држи во заложништво неколку лица , соопштија во четвртокот вечерта локалните власти, а два извора од полицискиот синдикат рекле дека грабнувачот веројатно е поврзан со исламисти.

Полицискиот портпарол рекол дека грабнувачот во почетокот во банката држел во заложништво шест лица , но две подоцна ослободил. Не е јасно дали третото лице било ослободено или побегнало.

Радиото France Bleu наведува дека станува збор за 53-годишен маж кој самиот успеал да излезе од објектот. По неколку часови преговори, бил ослободен уште еден заложник. Во моментов во банката има двајца вработени и вооружениот маж.

Спорец полицијата, напаѓачот е идентификуван, има 34 години и ментални проблеми. Се додава дека е вооружен со пиштол, барал скутер и пристап до социјалните мрежи.

„Знаеме дека е радикализиран и дека има сериозна психијатриска болест“изјавил Ив Лефевр од полицискиот синдикат.

Друг, неименуван полициски извор, за агенцијата AFP рекол дека грабнувачот изразил поддршка за палестинската борба.

Мажот влегол во филијалата на банката во центарот на Ле Авр околу 17 часот. Тој доставил барања, кои засега полицијата не ги соопшти за јавноста.

Радиото RTL од свои извори дознава дека грабнувачот бара „да се ослободат палестинските деца, незаконски затворени во израелскиот зтвори“ и да им се овозможи на Палестинците помлади од 40 години пристап до џамјата Ак Акса во Ерусалим.

Зградата на банката е опколена од неколку оклопни возила на специјалните полициски антитерористички сили RAID. Покрај нив на местото се распоредени и прибадници на бригадата за претрага и брза реакција BRI.