Седумгодишник е прегазен во понеделникот во општината Липково, а возачот побегнал од местото на настанот, извести во вторникот Министерството за внатерешни работи.
Вчера во 13.30 часот на улица „Радован Ковачевиќ“ во Скопје, непознато возило, управувано од непознат возач, удрило во седумгодишно дете од село Гошинце, општина Липково, по што го напуштил местото.
Детето се здобило со повреди и било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде му била укажана лекарска помош.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и за целосно расчистување на случајот.