Возач се обидел да прегази полицајци во Ерусалим

An Israeli security forces inspect on May 16, 2021 the scene of a car-ramming attack (Photo by Menahem KAHANA / AFP)

Неидентификуван маж се обидел да прегази пешаци и група полицијаци со автомобил во источен Ерусалим, при што се повредени најмалку седум лица, од кои еден полицаец е тешко повреден.

Како што пренесува изралеското државно радиот Kan, инцидентот во кој автообил намерно се залетал во група пешаци се случил во квартот Шеик Џара во источен Ерусалим, каде што обидот на израелските власти да деложираат од нивните домови палестински семејства на коишто право полаата еврејски семејство за што минатата седмица требаше да се одржи судско рочиште, кое сега е одложено, се смета за главниот момент за ескалација на последните палестинско-израелски насилства.

Според радиото, напаѓачот кој управувал со автомобилот бил „неутрализиран“, но не се известува за неговата состојба. Четири од настраданите во инцидентот се полицајци, од кои еден е во тешка состојба.

Според портпаролот на израелската полиција, Мики Розенфилд, напаѓаќот ја целел на група полицајци.

„Обидот за автомобилски тероризам е изведен на влезот во квартото Шеик Џара во Ерусалим, при што повредени се полициски официри се повредени. Терористото беше неутрализиран на самото место“, изјави Розенфилд.

Подоцна портпаролот прецизираше дека во налетот на возилото се повредени шест припадници на безбедносните сили, двајца од нив се со повреди со средна тежина, а другите минале полесно.

Безредијата на кварот Шеик Џара не стивнуваат неколку седмици, во пресрет на последото рочиште пред Врховниот суд за ислеувањето на неколку палестински семејства. Тамошните судири меѓу палестинските цивили и израелската полиција доведоа до разгорување на ракетирањата и воздушните удари меѓу Појасот Газа и Израел.

Според последните податоци од неделата рано попладнето од Појасот Газа кон Израел се истрелани речиси 3.000 ракети, од кои 1.150 биле пресретнати од израелските противракетни системи а 450 паднале во палестинската енклава. Израел возвратил со удари врз 1.500 цели во Газа, за кои тврди дека се легитимни цели и борбени позиции на исламистичкото движење Хамас.

 

Во палестинските ракетирања во Израел се пријавени десет жртви од кои две се деца, и уште околу 50 тешко ранети. На палестинската страна, пак, пријавени се 188 загинати од кои 55 деца, а повеќе од илјада се ранети.