Вработени од „Еурокомпозит“ штрајкуваат со шатори пред влада

Поголема група на вработени во „Еврокомпозит“ од пладне штрајкуваат пред Владата каде поставија неколку шатори во кои ќе преноќуваат, а утре најавуваат дека ќе им се приклучат поголем број на нивни колеги.
Тие ги бараат 18-те заостанати плати и придонеси кои ги немаат добиено во последните шест години. Сметаат дека скромниот паушал од 7000 денари исплатен за мај и јуни е само залажување. Бараат конечно распишување на тендер за продажба на фабриката, а со тоа и решавање на нивниот статус.

Причината е средбата која ја имавме со премиерот Заев пред околу 2 ипол месеци, на која што ни вети дека ќе го реши проблемот со „Еурокомпозит“, дека во рок од 3 месеци ќе ја продаде фабриката, ќе влезе инвеститор и дека во првиот месец ќе заминат 100 луѓе како технолошки вишок и ќе влезат во законот за стечајци. Од тоа ништо не се случи. Ни беше ветено и дека ќе земаме редовна плата, изјави претседателот на синдикатот на „Еурокомпозит“, Роберт Богдановски.