Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на 1-ви јули нема да оди н аиздржување на затворската казна за случајот „Тенк“, откако Врховен во понеделникот го уважил барањето да ѝ се одложи затворската казна.
Решението е исрпатено до Кривичниот суд, а извршувањето на пресудата е одложено сѐ додека Врховниот суд одлучи по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда.
Во решението е наведено дека, извршувањето на казната изречена со пресудата на Основниот кривичен суд – Скопје од 08.10.2018 година, а потврдена и преиначена во делот на казната со пресуда на Апелациониот суд –Скопје од 25.03.2019 година со која Г.Ј. е огласена за виновна за кривичното дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 ст.5 в.в со став 1 в.в со член 23 од КЗ и осудена на казна затвор во траење од 4 години се одлага се до одлучување по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда од страна на Врховниот суд, соопштуваат од судот.
Поранешната министерка прво беше осудена на шест години затвор, кој Апелација го преиначи и ја намали казната на четири години. Во истиот случај за набавка на блиндираното возило „мецедес“, обвинет беше и поранешниот премиер Никола Груевски кој доби политички азил во Унгарија.