Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук тврдат дека втор ден не се во функција сите хирушки сали во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-Сите хируршки сали во комплексот клиники се надвор од функција и втор ден не се работат хируршки интервенции ниту за најтешките случаи, вакви поплаки пристигнаа деновиве до Комисијата за здравство на ВМРО -ДПМНЕ од пациенти кои се револтирани зашто не биле ниту информирани за оваа ситуација
-Револтот е посебно изразен затоа што во јавноста нема основна информација што се случува во хируршките сали, Карил и кома центар иако транспарентност беше зборот што од уста не го извадија здеавствените власти,ниту има информација за кога им се презакажани интервенциите до кои пациентите едвај стигнале да дојдат до термин со оглед дека се чека со месеци дури и за поедноставните интервенции
-Неградењето нов Клинички и неинвестирањето во инфраструктура деновиве на Клинички го гледаме на дело, посебно вклучувајќи ги последиците од неработата и неспособноста на власта во заминување
-Наместо сериозно инвестирање во инфраструктурата посебно во Клинички центар, цели 7
години власта во заминување само замачкува очи со поситни корекции и тие во најголем дел од донации
– Ваквата системска негрижа на одродената власт го бутна на колена целиот здравствен систем, за денес да видиме дека нема можност да се вршат ниту најтешки интервенции кои се вршат на терциерно здравство.
-Не само што под знак прашалник е обезбедувањето здравствена заштита на најкомплекнисте случаи кои се вршат во терциерно здравство, туки и неградбата на клинички центар значи побарување оштета изразена во пенали, неверојатни 20 милиони евра.
-Насокоро Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе стави крај на неодговорното и недомаќинско работење и ќе покаже што значи вистинска грижа за здравствените работници и пациентите“, стои во нивниот пост на Фејсбук.