Репрезентацијата на Македонија попладнево го доживеа вториот пораз на Европското Првенство – Б дивизија за кошаркари до 20 години што се одржува во Грција.
Грузија беше подобра од македонската селекција со убедливи 85:61.
За „црвено-жолтите“ ова беше втор пораз во третиот натпревар на турнирот во Халкида по што ги загубија шансите за пласман во втората фаза.
Победникот се наѕираше уште по првата четвртина која Грузијците ја добија со 30:8. Во вториот период предноста ја зголемија за уште 11 поени (23:12), па залудни беа деветте поени плус (41:32) што Македонците го создадоа во второто полувреме.
Најефикасен во македонскиот состав беше Андреј Магдевски со 10 поени, Леван Маскулија со 18 беше најефикасен на натпреварот. Во последното коло, на 20 јули Македонија игра со Португалија.