![slovakiа koronavirus](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/slovakia-koronavirus-1.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Старица на 92-годишна возраст ја загуби битката за живот во Србија, како последица од коронавирусот. Таа била на болничко лекување, а нејзината смрт ја потврдил и министерот за здравство утрово.
Во моментов во Србија заболени се 188 лица, од кои 91 се наоѓаат на болничко лекување, а 14 се приклучени на респиратори.
Во Романија денес е регистриран прв смртен случај од коронавирус, соопшти владата.
Станува збор за 67 годишен маж кој боледувал од канцер. Со коронавирус бил заразен на 18 март и хоспитализиран бил во градот Крајова на југот од земјата, пренесе „Ројтерс“.
Во Романаија досега со вирусот се заразени 367 луѓе. Вонредна состојба е воведена на 16 март.