Вучиќ до Владата во Белград: Милион евра како помош за Хрватска

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати писмо до Владата во кое замолил за трансфер на еден милион евра на хрватската влада како помош по разорниот земјотрес во Петриња, пренесуваат српските медиуми.

Градот Петриња вчера напладне (12:19 часот) беше погоден од разорен земјотрес кој предизвика уривање на, речиси, пола град и во кој настрадаа најмалку седум лица.

Вучиќ притоа нагласи дека Србија е подготвена, и технички и финансиски, да и помогне на Хрватска.