Вучиќ: Ќе му честитам на Бајден, но за нас ќе беше подобро да победеше Трамп

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во саботата доцна вечерта дека ќе му честита на избраниот американски претседател Џо Бајден, но оти смета дека за Србија ќе било подобро да победеше републиканскиот претседател Доналд Трамп.

„Мислам дека за Србија, поради политиките кон Косово и Метохија, би било подобро да победеше Трамп“, рече Вучиќ за новинарите во текот на посетата на градилиштето на „ковид-болница“ крај Белград, потсетувајќи дека демократот Бајден „го поддржуваше бомбардирањето на Србија во 1999 година“.

„Никогаш за Бајден ниеден лош збор не сум рекол, а го познавам подобро од Трамп. Со него се имам видено четири или пет пати, со Трамп само двапати. Реков и мислам и вечерва дека за Србија ќе биеше подобро да победеше Трамп“, рече Вучиќ.

Најави дека ќе му честита на Бајден и ќе настојува со него да има што подобра соработка.

„Сакате да ме натерае вечерва да му се умилкувам и вовлекувам на Бајден? Нема. Ќе честитам, и тоа е тоа, но нема лошо да зборувам за Бајден, ќе се трудам да имаме што подобра соработка. Ќе му се заблагодарам на Трамп за сето она што го стори за Србија“, рече Вучиќ.

Слични ставови имаа и во текот на кампањата и во текот на четиридневното броење на гласовите во САД и другите српски функционери.

„За нас ќе биде полесно и да продолжи политиката на сегашената администрација во САД“, оцени во текот на кампањата донеодамнешниот шеф на српската дипломатија Ивица Дачиќ кој сега е претседател на парламентот.

Дачиќ коментирајќи ги американските избори во контекстот на косовското прашање рече дека „дојде до поправање на позицијата во поглед на Косово и Метохија“,

„Би се обложил на Бајден, бидејќи има поголеми шанси, но го молам Бога да победи Трамп. Но, кој и да победи, ќе се снајдеме“, рече Дачиќ претходно седмицава во исчекиувањето на резулататите од американските претседателски избори.