Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека повторно ќе ѝ помогне на Македонија во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Тој синоќа на „Пинк ТВ“ објасни дека трите земји од оваа иницијатива треба меѓусебно да си помагаат во месеците што доаѓаат.
-Секој секому може да помогне. Може во одредени денови да и помогнене на Македонија во струја и во храна. Постојат различни денови, некој повеќе се потпира на хидрологијата, кога е добра Албанија, може да ѝ помогне на Македонија, понекогаш дури и нам-објасни Вучиќ.
Вучиќ прв ѝ даде на Македонија вакцини против Ковид-19, кога власта на Заев немаше набавено ниту една вакцина, а ги прими и македонските граѓани бесплатно да се вакцинираат во Србија. Исто така, количини на брашно и на зејтин постојано стигнуваа од Србија пролетва во Македонија, кога беше најголемата криза за основните животни намирници.