![brisel vucic kurti](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/auto_takimi1660818415.png?resize=696%2C413&ssl=1)
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се огласи во четвртокот вечерта на своот профил на Instagram, по состанокот во Брисел со косовскиот премиер Албин Курти.
„Се бориме за нашата земја и ја продолжуваме таа борба“, објавено е на профилот на Вучиќ.
Вучиќ денеска попладне во Брисел ги продолжи договорите со претставникот на Европската инија за дијалогот, Мирослав Лајчак и со специјалниот претставник на САД за западен Балкан, Габриел Ескобар.
Бидејќи во текот на денешната рунда од дијалогот Белград-Приштина на највисоко ниво, не е постигнат договор, како што потврди шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, разговорите се продолжени и по официјалниот дел од преговорите, со цел да се надмине актуелната ситуација