Приведувањето на пејачката Северина Вучковиќ на српската граница беше непотребно и глупаво, изјави во понеделник вечерта српскиот претседател Александар Вучиќ и порача дека Србија по ова прашање треба да се разликува од Хрватска.
Вучиќ рече дека министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ му рекол дека Северина „не била приведена како што велат сите, била задржана на граница само два часа, ништо повеќе“.
„Мислам дека е тотално непотребно, не поради оваа Северина, за која мислам најлошо, туку инаку мислам дека е глупаво. Мораме да се разликуваме од нив по сѐ и не малку, туку многу (…) Господ да чува, ние управуваме со земја во која би апселе секој што ја пее песната на Томпсон“, изјави Вучиќ за српската телевизија Пинк, повикувајќи ја опозицијата којашто се огласи во овој случај со пејачката „која вели дека Србија е геноцидна држава“.
Северина во понеделникот објави дека откако ја запреле, граничната полиција прво ја принудила да чека неколку часа во нејзиниот автомобил, потоа 45 минути го претресувала нејзиното возило, а потоа ја одвела на распит за теми како геноцидите во Сребреница, во Јасеновац, нејзината поддршка на протестот против ископувањето на литиум, на првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман, воено-полициската операција „Бура“ во ткн Книнска краина во 1990-те и др.
Вучиќ ја критикуваше Хрватска за апсењето на белградскиот адвокат Немања Бериќ, уапсен поради постови на сосцијалните мрежи со песни на српскиот пејач Баја Мали Книнџа којго поддржува прочетничкото движење.
„Бериќ не беше приведен ниту два часа, ниту 15 часа. Веќе 15 дена. И малтретиран за ништо. Поради тоа што објавил на својата фејсбук-страница како пее песна на Баја Мали Книнџа“, рече Вучиќ.
Дачиќ претходно потврди дека српската полиција ја задржала Северина на граница и дека тоа е направено врз основа на листата за „вербални деликтии“. „Северина ниту е приведена, ниту уапсена, ниту и е одбиена влез во Србија, туку е приведена поради контрола“, изјави српскиот министер кој навести предлог за декриминализација на делото „вербален деликт“
По распитот Северина побарала документи и се вратила во Хрватска. Таа рече дека повеќе нема да оди во Србија „додека тој диктатор е на власт“.
Посетата на Макрон
Францускиот претседател Емануел Макрон доаѓа во Србија на 29 и 30 август, а Вучиќ истакна дека меѓу другото ќе разговара и за договорот со француската електрокомпанија за Србија „да не биде земја без струја“.
„Да не го сочувавме јагленот, денес немаше да имаме струја (…) доколку ги слушавме оние паметни луѓе кои пред пет години побараа да ги укинеме јагленот и нашите рудници. Морам да гледам 10 години нанапред, не затоа што сакам да бидам на власт или во власта, туку затоа што сериозните луѓе така ја гледаат иднината на својата земја“, рече Вучиќ.
Вучиќ реагираше и на пишувањата на одредени српски опозициски медиуми дека Макрон доаѓа во Србија поради договорот за складирање на нуклеарен отпад и оцени дека денес „никој не е доволно наивен да верува во глупости“, но потоа додаде дека „е крајно важно е да се зборува за нуклеарните капацитети“.
Германскиот канцелар Олаф Шолц и кинескиот претседател Кси Џинпинг годинава беа во Србија. Наскоро се очекува доаѓањето на израелскиот претседател Исак Херцог, најави Вучиќ.