
По обдукцијата е утврдено дека вкупно 24 лица се удавиле во поплавите, четири лица се водат за исчезнати, а од природна смрт починале 26 луѓе, изјавил српскиот премиер Александар Вучиќ во обраќањето во Собранието на Србија.
Тој напоменал дека едно лице настрадало во свлечилиште, а дека 26 лица починале природна смрт во осум општини.
Меѓу настраданите има и еден пожарникар.
„Се надеваме дека тоа е конечен број“, рекол српскиот премиер.
Тој додал дека уште осум отсто од територијата на Обреновац е под вода.
„Многу важно е да се утврди сечија одговорност“, смета Вучиќ и додал дека Секторот за вонредни ситуации реагирал правовремено.