Претседателот на Србија ,Александар Вучиќ изјави дека Приштина со обвинувањата кон потпретседателот на Српската листа Милан Радоичиќ сака да ја ослабне српската одбрана во северно Косово.
Вучиќ во дневникот на Радио-телевизија Србија (РТС), коментирајќи ја изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека го протерал Радоичиќ, рече дека во Приштина знаеле оти тој е една од клучните личности во оваа област и, како што рече, сега чекаат поволен момент за напад на северно Косово.
Додаде дека е задоволен што Србија не наседнала на провокации на агенти. Вучиќ наведе и дека еден од водечките луѓе на една западна разузнавачка служба му рекол оти се обидел да создаде случај со отворени лаги дека Радоичиќ е убиец.
„И натаму немаме црвена потерница, никако да добиеме нешто“, рече Вучиќ.
Рече дека по тоа што се случувало во изминатите неколку дена во Приштина, Тирана, во светот, но и во Белград, покажало колку бил во право дека Србија е многу далеку од договор со Приштина.
Вучиќ смета дека излегувањето на Србите од косовските институции ќе биде крајната мерка, бидејќи во тој случај Приштина нема да биде единствената одговорна страна за целиот свет.