Во мое време повеќе нема да има српски порази, изјави во вторникот ноќта српскиот претседател Александар Вучиќ и порача дека тој повеќе нема да дозволи да се случуваат акции какви што против Србите своевремено презема хрватската војска – „Бура“ и „Блесок“.
„Благодарејќи на острата, паметна и одговорна политика, јасно ставивме на знаење дека ниту со Србија, ниту со Србите не може да се игра“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за Радио-телевизија (РТС) по вчерашниот состанок со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, по инцидентот на Косово во кој беше уапсен висок функционер на српската влада, Марко Ѓуриќ.
Могерини синоќа во Белград изрази жалење поради инцидентот во српскиот дел од Косовска Митровица и порача дека таквите работи повеќе не смеат да се повторуваат.
„Она што се случи (…), не смее да се повтори. Европската унија очекува зачувување на мирот со мудар и воздржен пристап“, истакна Могерини која се сретна со Вучиќ на итно закажаната средба.
Вучиќ вели дека Могерини дошла во Белград „затоа што знае“ колку инцидентот на Косово оставил „тешки последици на Белград и на српскиот народ“ на Косово.
Во интервјуто за РТС, претседателот на Србија истакна дека со Могерини имал „отворен разговор“ и ѝ укажал како Белград види ситуацијата врзана со Косово.
„Укажав на фактите и тоа е најважно… Наш интерес е да го зачуваме мирот и стабилноста, а тоа можеме само така ако не ја загрозуваме безбедноста на Србите на Косово и Метохија“, рекао Вучиќ.
Рече дека со Могерини се согласиле дека е „најважно да се сочува мирот и стабилноста“, како и дека е убеден дека Србите на Косово „денес посигурно се чувствуваат“. Вучиќ смета дека мирот и стабилноста на Косово во текот на понеделничкиот инцидент успешно се сочувани „благодарејќи на одговорноста на Србите“.
Српскиот претседател потсети на договорот со НАТО кој е ускладен и со бриселскиот договор дека на северот на Косово не може да се доаѓа „со долги цевки“ и рече дека како врховен командант на Војската на Србија, не донел одлука за воено ангажирање откако припадниците на специјалните единици на косовската полиција ROSU дојдоа не северот на Косово вооружени со автоматски пушки и брутално го приведоа српскиот министер.
„Успеавме да сочуваме студена глава и на мирен начин да реагираме. Го сочувавме мирот, стабилноста, не им дадовме да го заземат северот на Косово и Метохија“, рече Вучиќ за РТС.
„Што разгледувам тоа е прашање на мојот тим, мои одлуки. Како што гледата, таква одлука не донесов, но се чини дека некои добро разбраа дека со Србија не е време да си поигруваат и дека Србија не е толку слаба колку би сакале да биде“, заклучи Вучиќ.
Порача дека никогаш нема да дозволи да се повторат „Бура“ и „Блесок“.
„Ќе повторам, им го повторив тоа и на сите меѓународни претставници. Реков: никогаш повеќе нема да дозволам на Србите да им се случат ‘Бура’ и ‘Блесок’, бидејќи ќе имаме трауми и белези следните стотина години по порази кои ги доживеавме, и молкот и фактот дека се правевме глуви и слепи кога ни се случуваа најтешките трагедии на нашиот народ“, истакна Вучиќ.
„Во мое време нема да има ниту ‘Бура’ ниту ‘Блесок’, ниту ќе има српски порази. Речиси сум сигурен дека ќе успееме да го сочуваме мирот и безбедноста за нашите граѓани“, истакна Вучиќ во интервјуто за РТС.
Српскиот претседател изјави дека во вторникот вечерта разговарал и со американкиот дипломат Вес Мичел, како и дека имале „заеднички став дека зачувувањето на мирот е од суштинско значење“.
Според соопштенеито од кабинетот на Вучиќ, Могерини израз во вторникот ноќта во Белград жалење поради инцидентот од претходниот ден на Косово и порачала дека такви работи повеќе не смеат да се повторат. По средбата од српското Претседателство е објавено соопштение во кое се наведува дека двајцата се сретнале во Белград за на „отворен и искрен начин да разговараат за најновите настани и иднината на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, со посредување на Европската унија“.