Фејсбук апликацијата за пораки, WhatsApp ќе почне да им наплатува на компаниите испраќање на маркетинг и корисничките пораки откако оваа социјалната мрежа се соочува со забавување на растот на приходите.
Компаниите преку оваа платформа ќе може да даваат информации и услуги, како што се датуми на испорака или разни пропусници, но за возврат ќе мора да плаќаат надомест за потврдената испорака.
Пораките ќе чинат меѓу 0,5 и 9 центи, во зависност од земјата во која се наоѓа корисникот, а цената покажува дека употребата на овие можности во некои случаи може да биде поскапо од испраќањето на смс порака.
Како и другите пораки испратени преку оваа апликации и овие ќе бидат криптирани, што значи дека WhatsApp нема да може да ги прочита. Транспортната компанија Uber, онлајн продавницата Wish и туристичкиот сервис Booking.com се меѓу првите три компании кои ќе ги прифатат новите услови. Вкупно три милиони компании активно го користат WhatsApp.
Фејсбук плати 19 милијарди долари за купување на WhatsApp во 2014 година, а веќе долго време бара начин како да заработи од оваа апликација во периодот кога и се зголемуваат трошоците поради подобрување на приватноста и решавање на проблемот на зависноста на корисниците од социјалните мрежи.
Фејсбук во средата објави дека ќе им понуди на клиентите алатка со која ќе можат да ограничат колку време ќе поминуваат во денот користејќи ги неговите апликации.