Обидите за отстранување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро се првиот чекор од планот на американсата администрација за зајакнување на контролата над регионот и ослабување на влијанијата на Русија и Кина, се наведува во написот кој во средата го објави The Wall Street Journal.
Според изворите на весникот „обидите на администрацијата на (американскиот претседател Доналд) Трамп да се острани од власта венецуелскиот претседател Николас Мадуро е првичната фаза од новата стратегија за зајакнувањето на влијанието на САД во Латинска Америка“. Како што се заклучува во написот, натамошните активности на Вашингтон, најверојатно, ќе бидат насочени кон Куба, како и „да се ограничат неодмнешните посегања во регионот од страна на Русија, Иран и Кина“.
„Иако Вашингтон одамна го критикуваше Мадуро, како и неговиот претходник Уго Чавез, во администрацијата на Трамп има многу функционери кои долго време сметаат дека Куба претставува посериозна закана од апсект на националната безбедност“, се наведува уште во текстот. Се укажува на разузнавачки операции на Куба во САД и на нејзините обиди да се шират антиамериканските чувства во другите латиноамерикански земји. „Во администрацијата во Вашингтон имаат цел да се прекине врската меѓу Венецуела и Куба, како и да се предизвика колапс на режимите во двете земји“. Како што се наведува во написот, во услови на обидите да бидат изолирани, Венецуела и Куба ги јакнат своите врски со Русија, Кина и Иран, што предизвикува незадоволство во Вашингтон.
Според тврдењето на The Wall Street Journal, во разработувањето на оваа стратегија на администрацијата на Трамп во изминатите две години учествувал Маурисио Клавер-Кароне, задолжен за односите со Латинска Америка во апаратот на Советот за национална безбедност. Покрај него, во развојот на овој план учествале и сенаторот Марк Рубио и членот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Марио Дијаз-Баларт, и двајцата републиканци кои доаѓаат од сојузната држава Флорида.
„По Венецуела и Куба, американските функционери ќе го свртат вниманието кон Никарагва“, пишува весникот. Притоа се констатира дека претходно Стејт департментот повеќепати ја критикувал власта во оваа земја.
„Стратегијата на САД е поврзана со сериозни ризици… Доколу поддршката од администрацијата за опозицискиот челник Хуан Гуаидо не овозможи Мадуро да биде тргнат од власта или да се прекине врската меѓу Каракас и Хавана, тогаш тешката ситуација во Венецуела може уште повеќе да се влоши, а САД подлабоко ќе бидат вовлечени во кризата… Во случај на неуспех, ситуацијата ќе биде слична на победата на Давид над Голојат во сферата на дипломатијата, што може да ги зајакне позициите на Кина, Москва и Иран во регионот“, се предупредува во написот на WSJ.
Според процените на весникот „малку е веројатно дека САД ќе можат да инволвираат други земји во дејствијата против Куба“. „Венецуела подолго време се сметаше за отфрлена од многу сојузници на САД, но некои земји, како Канада и Франција, во моментов има голем интерес на тамошните бизнис заедници кон Куба“, се појаснува.