За Баерн само бод дома со Арменија во мечот со шест погодоци

Откако во Доха ја освоија титулата светски клупски шампион, фудбалерите на минхенски Баерн по враќањето во Германија ремизираа на свој терен против Арминија со резултат 3:3, во последниот натпревар од 21-то првенствено коло.

Армија двапати имаше предност од два гола, со 2:0 и 3:1, и беше на чекор до првата победа во Минхен по дамнешната 1979 година. Меѓутоа, минехенскиот клуби кој буквално минатата сезона ги освои сите трофеи на домашна и меѓународна сцена кои може да се освојат на крајот сепак успеа да израмни.

Инаку, ова е прв бод за Арминија по шестер последователни порази и прв бод во Минхен по 1985 година.

Првото полувреме се играше под силен снег кој го прекри теренот, но во продолжението од дуелот условите беа одлични за игра. Гостете поведоа веќе во 9 минута со голот на Мијаел Влап а водството во 37 минута го удвои Амос Пиепер.

Арминија ги реализираше двете создадени шанси, додека Баерн делуваше безидејно и немоќно. На Баварците им недостасуваше и вообичаениот ритами не успеаја посериозно да го загрозат гостинскиот голман Стефан Ортега Морено.

Баерн успеа да намали на отворањето на вториот дел, во 48 минута преку Роберт Левандовски, меѓутоа веќе во следната минута Арминија изведе брз противнапад кој со погодок го круниса Кристијан Гебауер.

Баерн, кој и покрај неиграњето на неколкумина стандардни првотици важеше за неприкосновен фаворит, сепак во 57 минута намали на 2:3 со голот на Корентин Толисо, а Алфонсо Дејвис со убав удар во 69 минута успеа да израмни на 3:3. До крајот на мечот домашните настојуваа да дојдат до трите бода, но Арминија успеа да се одбрани.

Баерн води на табелата со 49 бодови, пет повеќе од РБ Лајпциг, додека Ајнтрахт од Франкфурт на третото место има 39 бодови. Армија и натаи е во зоната на испаѓање, на 16-то место е со 18 бодови, колку што има и Херта место подолу.