Во Швајцарија починале 540 лица , најмногу од избувнувањето на инфекцијата со коронавирус, соопшти денеска државната агенција за јавно здравје, додека вчера имало 484 смртни случаи.
Бројот на позитиви на коронавирус се зголеми од 19.303 на 20.278.
Бројот на жртви од коронавирус во Холандија се зголеми за 164 и сега има 1.651, соопштија холандските здравствени органи.
Националниот институт за здравство (РИВМ) соопшти дека бројот на заразени лица се зголемил за 6 проценти на 16.627 во последните 24 часа.
Вистинскиот број на смртни случаи и заразени е поголем од официјалните податоци, како резултат на недостаток на тестови за коронавирус, додаде РИВМ.