Транспарент со текст „Црквата да одј*бе“ беше централен декор на на протестот кој се одржа на 8 март, во Скопје, во организација на извесно здружение за родова еднаквост по повод Меѓународниот ден на жената.
Дел од маршот беше и пратеничката и лидерката на ЛДП, Моника Зајкова.
Поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски, на својот фејсбук профил напиша:
„Моника Зајкова, пратеничката и претседателката да каже со она зад неа дали се согласува?
А да, само смешни и патетични сте со таквите пароли… и не, секако не ѝ помагате на каузата ваша со такви пароли… ако воопшто ја имате… вие си знаете… инаку… црквата го преживеала Диоклецијан и Сталин… ќе се снајде некако и со ваквите како вас де.
Зајкова?“.