Борбата, или подвигот во име на доброто и вистината секогаш е поврзана со надеж!
Ако во борбата за доброто и вистината не се влегува со надеж во победа – тогаш мотивот за борба или подвиг е проблематичен.
Борбата, или подвигот во име на доброто и вистината секогаш треба да се води во и со љубовна исполнетост и одговорност! Тоа значи дека твој најголем непријател во борбата си ТИ САМИОТ. Непријателот е најчесто наше огледало! Непријателот е исто така во внатрешна борба со себе си! Доколку вистинската добрина и вистина ја препознае во нас тогаш на нашиот непријател ќе му помогнеме внатре во себе да ги победи збунетоста, очараноста со измамата и хипнозата на злото!
Борбата која ја поведува вистинскиот лидер – водач е длабоко поврзана со неговата внатрешна визија, со неговата внатрешна претстава, слика, осет за моменталната реалност, но и за иднината која е плод од вистинското делувањето во моменталната реалност или историска стварност!
Од каде доаѓа визијата? Од победената себичност, од грижата за поредокот Божји и Неговите созданија во истиот, од водството Божјо, од љубовта и посветеноста за вистинското ДОБРО И ВИСТИНА!
Визијата е сила, затоа што е надеж, а без надеж не се влегува во борба против хипнозата на злото и злохипнотизерите!
Зошто е потребно да се влезе во борба!
Затоа што така се зачувува поредокот Божји и рамнотежата со злото за во овој свет да можат луѓето да го градат своето спасение/ ослободување од злото, гревот, духовната смрт и сатанското ропство! За луѓето да можат да разберат што е вистинска ослободувачка слобода која не исполнува со љубов за да станеме здрави, остварени и Богоподобни личности – полезни и за овој и за оној свет и век!
Силата е вера! Вера или доверба или реално и остварено духовно сознание дека Центарот на постоењето ни дарувал благослов на водство!
Сето ова е формула која делува во и низ различни животни и историски сценарија во овој и ваков наш свет:)
Се гледаме на бојното поле во нашиот ум и срце!
+++
Кога бев дете, зборував како дете, како дете мислев, како дете размислував; а кога станав маж, го оставив детинското. Сега гледам нејасно како во огледало, а тогаш – лице во лице; сега знам нешто, а тогаш ќе знам како што сум познат. А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта.
апостол Павле, послание до Коринтјаните. 13, 11 – 13
пишува: презвитер Ивица Тодоров