За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес и нови 8 милиони евра за општината, порача Ковачки

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе, истакна Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, носител на листа во ИЕ 3.

-Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот. Затоа ве повикувам сите на 8 мај заеднички да излеземе и да ги донесеме промените. Да ја донесеме победата на Македонија којашто долго се очекува, порача Ковачки.