За Турција ставот на ЕУ е користење на мигрантите како политичка алатка

AP Photo/Alexandros Michailidis, File)

Турција во петокот, откако министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија порачаа дека ќе работат на запирањето на илегалната имиграција на нивните територии, ја обвини Унијата дека ги користи мигрантите како политичко орудие и дозволува да се газат меѓународните закони.

ЕУ во петокот, бидејќи неизвесната ситуација меѓу грчката полиција и мигрантите на границата со Турција продолжи и втора седмица, ги повикаа мигрантите да престанат да се обидуваат да преминат во Грција, и даде услови за разговор за дополнителна финансиска помош на Анкара.

Турското министерство за надворешни работи возврати дека поддршката на ЕУ за Грција во настојувањата да ги запре мигрантите во преминувањето на границата, покажува дека Унијата дозволува непочитуѕвање на сопствените закони и вредности.

ЕУ од вонредниот состанок во Загреб во петокот ѝ порача на Турција дека мора да престане „да ги лаже мигрантите“ дека вратите на Унијата им се отворени, како и дека дури потоа ќе се разговата за помошта за Анкара и другите отворени меѓусебни прашања.