За Јунајтед и Лестер само бод, Сити се оддалечува

Фудбалерите на вторпласираниот Манчестер Јунајтед и на третопалсираниот Лестер Сити не успеаја да остварат победи на гостувањата во 27-то коло, па новното заостанување зад водечкиот Манчестер Сите сега е 14 односно 15 бодови.

Манчестер Јунајтед остана непоразен и на своето 14-то гостување оваа сезона, но зареди со ремијата па го загуби чекорот со градскиот ривал кој гиолмеата серија победи ја продолжи во вторникот совладувајќи го Вулверхемтон со 4:1.

Манчестер Јунајтед со Кристал Палас одигра без голови. Лестер Сити, пак, имаше резултатско заостанување од 4 минута кога неговата мрежа ја затресе Матеј Видра, но до бодот дојде со погодокот на Келечи Ихеначо во 34 минута.

Кристал Палас е 13-ти на табелата со 34 бодови, а Барнли е 15-ти со 29 бодови, шест повеќе од зоната на испаѓање.

Во последниот дуел одигран во средата Шефилд Јунајтед оствари една од ретките победи оваа сезона, совладувајќи ја Астон Вила со голот на Дејвид Мекголдрик во 30 минута. Гостите не успеаја да израмнат до крајот иако од 57 минута имаа играч повеќе откако кај домашните беше исклучен Фил Џагелика.

Астон Вила испушти шанса да направи да го мине осмиот Тотенхем, и да дојде до бод заостанување зад седмиот Евертон, и остана деветта со 39 бодови. Шефилд Јунајтед е последен 20-ти со само 14 бодови, од четири победи и две ремија.