Скот Феирламб, кој е снимен како удира полицаец во текот на јануарскиот упад на приврзаниците на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Капитол во Вашингтон, доби во средата затворска казна од 41 месец.
Станува збор за досега најстрогата казна изречена во релиси 700 кривични случаи откако демонстрантите кои ја оспоруваа легалноста на победата на претседателскиот избор на актулениот претседател Џо Бајден на 6-ти јануари насилно упаднаа на Капитол.
Окружниот судија Ројс Ламберт ја наведе сериозноста на однесувањето на Скот Феирламб, сопственик на вежбална во Њу Џерси, како отежнувачка околност при изрекувањето на казната. Феирламб е снимен додека се дере на полицајците прд еден од нив да го турне и да го удри со рака во лицете. Во август тој ја призна вината.
„Доколку одевте на судење, мислам дека не постои порота којашто би можела да ве ослободи“, му рекол судијата на Феирламб, првиот осуден за насилство над полицијата во текот на споменатите настани во американскиот парламент, пренесува Reuters.
Адвокатот на обвинетиот го замолил судијата да земе предви дека неговиот клиент веќе 11 месеци минал во притвор, а емотивниот Феирламб во текот на рочиштетот му се обратил на судијат барајќи милост и велејќи дека го посрамил името на своето семејство, пренесува агенцијата.
Федералните обвинител препорачале казна од 44 месеци, истакнувајќи го неговото познавање на боречки вештини, како и претходно негови судири со законот.
„Изјавите на обвиениот тој ден укажуваат на тоа дека дошол подготвен за насилство“, изјавила обвинителката од Министерството за правосудство, Лесло Гоемаат.
Вкупно има 120 обвинети за нападот на полицијата на Капитол. Судијата истакнал дека оваа казна ќе биде мерило за сите нив.
Еден полицаец од Капитол Хил, кој бил нападнат од демонстрантите починал ден по безредијата но не од директни последици на нападот, а четири полицајци кои биле во обезбедувањето на парламентот тој ден подоцна се самоубиле. Повредени се околу 140 полицајци.
Обвинителите на рочиштето во средата предложиле и казна од 4 години и 3 месеци за Џејкоб Ченски, самопрогласениот „паман“ и приврзаник на движењето на терориите на заговорот Qanon, кој остана запаметен по своите тетоважи и крзнената капа со бизонски рогови и чија фотографија стана симбол на упадот на Капитол.
Судијата Ламберт, кој исто така го води и случајот на Ченсли, ќе му ја изрече казната на 17-ти ноември.
I retweeted three tweets from this thread but really the whole thread is worth reading https://t.co/yQsYfQPIPC
— Seth Abramson (@SethAbramson) November 10, 2021